Натпреварот за Роналдо и Ал Наср започна добро, бидејќи токму со голот на Португалецот во завршницата од првиот дел на пауза заминаа со предност од 1:0.
Екипата на Ал-Хилал уште еднаш покажа дека е најдоброто од Саудиска Арабија, со победа над Ал-Наср (4-1) во дербито и финалниот дуел на Суперкупот кој е увертира за новата сезона во тамошниот фудбал.
Сепак, во второто полувреме фудбалерите на Ал Наср ги снајде вистински потоп и во 18 минути од 55. до 72. примија четири гола.
Се започна со голот на Милинковиќ-Савиќ, а потоа следуваа два гола на Митровиќ во 63. и 69. минута. Конечните 1:4 ги постави бразилецот Малком.