Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез, го објави составот од 26 играчи на кои ќе рачуна за натпреварите на Светското првенство во Катар.
Најголемата вест секако е присуството на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. До крајот не беше јасно дали тој ќе добие повик поради повредата на мускулот.
Сепак, најдобриот напаѓач на Белгија е вклучен во составот, иако речиси е сигурно дека ќе биде надвор од терените барем на првите два натпревари од групната фаза.
Во селекцијата на „црвените ѓаволи“ се и нивните други големи ѕвезди, Кевин Де Бруин од Манчестер Сити, како и Тибо Куртоа и Еден Азар од Реал Мадрид.
https://twitter.com/BelRedDevils/status/1590663136579059713?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1590663136579059713%7Ctwgr%5E98b117360f4c56400389480b39700cc61c2fb728%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Flukaku-vleze-vo-sostavot-na-belgija-za-svetskoto-prvenstvo%2F