Милански Интер одигра одличен натпревар на „Џузепе Меаца“ и ја декласира Болоња со 6-1 како одговор на загубеното дерби од Јувентус во минатото коло. Тимот на Симоне Инзаги сега се наоѓа на четвртата позиција со 27 бода, два помалку од второпласираниот Милан. Наполи е убедливо на врвот со десет бода предност пред Интер.
Болоња прва дојде до предност со голот на Ликојанис во 22.минута. Орсолини шутираше, топката удри во Ликојанис, го смени правецот и ја погоди мрежата. Но, Един Џеко израмни само четири минути подоцна, а Димарко и Лаутаро Мартинез до крајот на првиот дел се погрижија за пресврт и водство од 3-1.
Во второто полувреме стрелаа и Димарко уште еднаш, Чалханоглу од пенал и Госенс.
Фиорентина ја совлада Салернитана со 2-1, а Торино беше подобар од Сампдорија со 2-0.