Аргентинаската фудбалска легенда Лионел Меси со доаѓањето во Интер Мајами минатото лето, со себе во МЛС-лигата „повлече“ неколкумина соиграчи од Барселона, а налето ќе пристигне уште еден играч кој сега го носи дресот на каталонскиот тим.
Во Интер Мајами покрај Меси, минатото лето пристигнаа и Жорди Алба и Серхио Бускетс, за тренер беше назначен Херардо Тата Мартино, а малку подоцна пристигна и Луис Суарес.
Сега налето колонијата на поранешни играчи на Барселона во Интер Мајами најверојатно ќе се зголеми за уште едно име, Серхи Роберто.
Договорот на Серхи Роберто со Барселона истекува налето и претседателот Жоан Лапорта нема намера да му понуди нов, додека фудбалерот одби да се пресели во Саудиска Арабија.
Меси веќе му порачал на косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, да започне преговори, кои би требало експресно да завршат бидејќи самиот фудбалер има желба повторно да игра заедно со Меси, Алба, Суарес, Бускетс и парите нема да бидат проблем.