Каталонскиот спортски медиум „Спорт“ тврди дека Барселона е пред историска одлука, сама да почне да изработува дресови.
Барса ќе го раскине договорот со Најк и ќе креира сопствен бренд на дресови кои ќе ги произведува.
Тоа ќе значи дека 100 проценти од приходот од продажба на дресовите ќе завршува во касата на Барселона.
Раководството пресметало дека повеќе пари ќе инкасира на таков начин отколку сумите кои ги добива од Најк.
Доколку биде донесена ваква одлука, таа ќе биде историска.