Иако оддалеченоста од Глазгов до српската престолнина Белград е 2.768 километри и со автомобил е предвиден пат од 29 часа, Шкотите Џек и Џон успеале сѐ да промашат, па патувале дури двојно повеќе – 5.600 километри (3.480 милји).
За малку ќе дошле и до Скопје, ама Белград не успеале од прва да го погодат, па патувањето преку пола западна Европа, кога стигнале во Австрија, продолжиле за Унгарија. Потоа успеале да завршат дури на Косово, па се враќале преку Босна и Херцеговина, за на крај некако да дојдат до српската престолнина и хотелот „Хилтон“ во кој имале резервирано сместување.
Како успеале да го промашат Белград, никој не знае, ама се отепале кружејќи од околу и фалело уште да дојдат до Скопје, па оттука да го погодат автопатот за накај Белград. Доживеале вистинска и невидена тортура.
Ако ништо друго после патешествието, барем стигнале да го гледаат својот тим кој вечерва од 18.45 часот со предност од 3-0 ќе се соочи со екс-европскиот првак.