Фелипе Андерсон уште во втората минута погоди за водство од 1-0, а Закањи зголеми на 2-0 во 54. минута, по што Лацио требаше да ја зачува предноста до крајот, но Емполи успеа да се врати во игра.
Најпрво Капуто во 83. минута ги врати надежите кај Емполи, а потоа Марин во 94. минута ги замолче навивачите на „Олимпико“.
Лацио има 31 бод на петтата позиција по 17 одиграни меча, додека Емполи е на 13. место со 19 бода.