Фудбалерите на Реал Сосиедад стигнаа до третата победа по ред во Ла Лига, откако денеска беа подобри на гостувањето кај Алмерија со 2-0.
Двата гола беа постигнати на стартот на вториот дел, и тоа Д.Силва во 47. и Сорлот во 52. минута, а Алмерија не успеа да одговори и испрати само еден удар во рамки на противничкиот гол.
Реал Сосиедад со новите три бода стигна до 32 и се наоѓа на третата позиција, додека пред него се Реал Мадрид и Барселона со по 38 бода.