Тројца најдобри фудбалери на Баер Леверкузен се цел на Реал Мадрид, објавија шпанските спортски медиуми.
Шпансскиот гигант ги следи настапите на дефанзивецот Џереми Фримпонг, играчот од средниот ред Флоријан Вирц и напаѓачот Виктор Бонифејс.
Холанѓанецот Фримпонг во тековната сезона одигра 16 натпревари на кои постигна пет голови и забележа седум асистенции. Германскиот репрезентативец Вирц има шест гола и 10 асистенции на 17 натпревари.
Напаѓачот од Нигерија Бонифејс, го следат и други врвни клубови во Европа, оваа сезона има 11 гола и шест асистенции на вкупно 16 натпревари во сите натпреварувања.
Баер Леверкузен во моментот е лидер во германското првенство со 31 бод од 11 кола.
Триото треба да пристигне во Реал Мадрид на почетокот на следната сезона, заедно со шпанскиот стратег Чаби Алонсо.