Европската фудбалска организација има намера да го покани Ал-Наср од Саудиска Арабија да игра во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25, тврди новинарот Али Ал-Харби на својата X страница.
„УЕФА е со намера да упати покана до Ал-Наср да учествува во ЛШ во 2024 година, бидејќи е еден од трите најпознати фудбалски клубови и има голема популарност на европскиот континент“, пишува новинарот.
Од декември 2022 година, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср. Договорот на петкратниот добитник на „Златната топка“ е до 30 јуни 2025 година.