Нејмар, најскапиот светски фудбалер е сѐ поблизу до кам-бек во Барселона, откако пред неколку дена од ПСЖ побарал трансфер, најавуваат медиуми во Каталонија.
Иако Барселона е во тесно поради финансиската криза и засега има само 13 регистрирани фудбалери, доаѓањето на Нејмар е можно, зашто би било на заем.
Првата опција е Нејмар да дојде на едногодишен заем во Барселона од ПСЖ, а Каталонците кои се надеваат на финансиска консолидација до идното лето, да имаат опција за 60 милиони евра да го откупат договорот.
Втората опција која се појавува е ПСЖ да го продаде Нејмар на саудиски Ал Хилал, но саудијците веќе му дале ветување на Бразилецот во понудата дека ако потпише четиригодишен договор, веднаш летово ќе го дадат на заем во Барса.
Каталонците во ПСЖ веќе го продадоа Осман Дембеле, а се најавува и продажба на Ансу Фати за 50 до 60 милиони евра со што би осигурале сигурност за регистрација на фудбалерите, па и на Нејмар за оваа сезона, но сѐ додека не се заврши официјално такво нешто, сешто може да се случи со трансферите во Каталонија.
Инаку Нејмар во ПСЖ од Барселона замина за рекордни 222 милиони евра во август 2017 година, а освен понуда од С. Арабија, Бразилецот има и една од САД, од Лос Анџелес.