Египќанецот Мохамед Салах планира да си замине од Ливерпул како слободен играч следното лето. 30-годишниот напаѓач има договор до 2023 година и се уште не може да се договори со шефовите на „црвените“ за негово обновување.
Причината е што Салах сака да зема плата од 400.000 фунти неделно, но клубот не сака да ја уништи нивната финансиска хиерархија и затоа во моментов разговорите се во прекин.
Репрезентативецот на „фараоните“ сака да стане најскапиот фудбалер во тимот, но исто така и да го врати приматот на најскап африкански фудбалер кој во моментот му припаѓа на Садио Мане по неговиот трансфер во Баерн Минхен.
Салах имаше импресивни настапи за Ливерпул минатата сезона, постигнувајќи 31 гол и 16 асистенции на 51 натпревари во сите натпреварувања.