Барселона планира нова офанзива за да го ангажира одличниот фудбалер за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва. Според каталонскиот„Спорт“, клубот ќе може да си дозволи да донесе уште едно големо име во декември.
На „Камп Ноу“ ќе имаат слободни средства поради разделбата со Жерар Пике, кој денеска ќе го одигра последниот меч во кариерата. Повлекувањето на Пике за Барса ќе заштеди дури 52 милиони евра.
Бернардо Силва веќе подолго време е трансферна цел на Барселона. Каталонците пред почетокот на сезоната инвестираа во други играчи, но го задржаа интересот за португалскиот интернационалец. Тренерот Чави Хернандез смета дека токму Бернардо Силва е алката што недостига во неговиот мозаик.