Се одиграа пет мечеви од 2.коло во Премиерлигата денеска во попладневниот термин. Секако дека во преден план беше мечот меѓу Манчестер Сити и Борнмут, кој го добија „граѓаните“ со 4:0. Моќен е овој Манчестер а Сити, четири голови, но ниту еден на Ерлинг Халанд.
Гундоган, Де Брујне, Фоден и автогол на Лерма за висок и убедлив триумф на тимот на Пеп, втор на вториот сезонски меч.
Арсенал и Лестер одиграа 4:2, вистинска голеада на „Емирејтс“ во Лондон. И за Арсенал ова е втора победа сезонава во вториот меч.
Габриел Жезус двапати стрелаше, имаше и една асистенција, додека Џака и Мартинели беа стрелците за победничкиот тим. За Лестер головите ги постигнаа Салиба автогол и Медисон.
Брајтон и Њукасл одиграа без голови, исто како и Вулверхемптон и Фулам, додека Саутемптон и Лидс ги поделија бодовите со резултат 2:2.