Дебрецен освои само бод (1:1) на дуелот со Вашаш од унгарското фудбалско првенство, а петочната вечер за домашните фанови ја спаси нашиот Дориан Бабунски.
Македонскиот репрезентативец трпеливо ја чекаше својата шанса на клупата, а домашниот тренер не погреши што му овозможи да настапи во последните дваесетина минути.
Бабунски влезе во 70. минута, а петнаесет минути подоцна се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и ги постави конечните 1:1.
За Дебрецен ова е трето реми во серија по почетокот на новата сезона.