Милан ја победи Венеција со 3-0 на гости во 21. коло од Серија А и скокна на првото место.
Избраниците на Стефан Пиоли поведоа во втората минута со голот на Златан Ибрахимовиќ по одличната акција на Рафаел Леао. Во 48. минута Леао му асистираше и на Тео Ернандез, кој дијагонално од левата страна практично од мртов агол погоди за 2:0.
Во 58. минута Свобода со рака спречи чист гол и доби црвен картон, а пеналот за Милан сигурно го изведе Хернандез и неговиот втор гол ја потврди победата на Милан.
Милан барем до вечерва и натпреварот меѓу Интер и Лацио има два бода и два натпревари повеќе од градскиот ривал, додека Венеција е на 16. место со само четири бода повеќе од зоната за испаѓање.
https://twitter.com/WFTV16/status/1480143327714426884?s=20