На прес конференцијата за медиумите селекторот Благоја Милевски најпрво се заблагодари на се она што претходело и е вклучено на овој наш успех, и како голем спортсмен рече сека успехот не е ниту негов, ниту индивидуален туку е заеднички.
„Благодарност до мојот претходник и до сите оние кои го започнаа овој циклус, затоа што тие ја започнаа оваа кампања, и дел од заслугите одат кон нив. Дали очекував ваков успех? Да, го очекував, не би се бавел со оваа професија ако не верував во успех, во она што јас и репрезентативците сме подготвени“ – изјави на самито старт селекторот на Македонија, Благоја Милевски и порача.
„Бевме подготвени на секакво сценарио. Да тој ран гол ни ја олесни малку задачата, но ние не паднавме во ниту еден момент. Го одигравме мечот во ист ритам, онака како што посакувавме. Исланд е сериозна репрезентација, и има голем квалитет. Моравме да бидеме сконцентрирани во сите деведесет минути. Не променивме ништо во нашата концепција. Да, тој гол на Алиоски беше клучен но не и пресуден за овој меч“ – рече Милевски.
Не помислив ниту еднаш на предавање и неуспех
„Не размислував при 1:1 дали ќе направиме се за да повторно бидеме во предност. Работевме на тој психолошки момент, уште од првиот меч во Исланд, и ете сега подобро реагиравме. Момците сега се супер на тој план, психолошки. Дали сме стигнале до тоа ниво кое го посакува. Не. Не затоа што јас тоа ниво го посакувам, туку затоа што знам дека овие момци имаат капацитет да достигнат такво ниво како што замислувам“ – истакна нашиот кормилар.
„Искрено по мечот со Ерменија и мечот Романија – Исланд ми пројде низ глава помислата на понаа 2017 година и нашиот пласман на ЕП за младинци. Можеби и има некаква сличност во таа и оваа ситуација. Елиф Елмас не е лидер на оваа генерација, туку ние имаме пет шест, имаме интенција сите да бидат лидери. Тоа е и нашата цел. Да бидеме една целина. Еден тим кој заеднички стигнува до својот успех, и тоа заслужен“ – поентираше нашиот селектор.