Фудбалерот на Борац од Бања Лука, Василије Терзиќ, доживеа голема слава низ Европа и се најде во центарот на вниманието откако постигна фантастичен гол на натпреварот против тимот на Габела во босанското првенство.
Борац ја имаше фаворитската улога и на домашен терен стигна до победа со убедливи 3-0, но најважен момент на мечот беше голот на Терзиќ, кој го совлада гостинскиот голман со спектакуларен удар од половина терен!
Гостите ја загубија топката, Терзиќ ја прифати и без многу двоумење упати директен удар од својата половина. Голманот беше подизлезен малку повеќе од потребното и немаше никакви шанси да го одбрани ударот на Терзиќ, кој го постигна првиот гол сезонава.
Борац Бања Лука ја забележа шеснаесеттата победа сезонава и е убедлив лидер на табелата, со предност од девет бодови пред второпласираниот Зрињски.