Екипита на Ал Хилал и Ал Итихад одиграа натпревар од Азиската Лига на шампиони, а домаќините го добија првиот дуел од оваа пресметка со 2:0.
Головите беа постигнати уште во првото полувреме, додека немоќните гости голем дел од вториот дел играа и со фудбалер помалку. Водство за домаќинот донесе српскиот голгетер Митровиќ, кој реализираше удар од белата точка.
Виновник беше вообичаено мирниот Н’Голо Канте, кој во 60. минута заработи црвен картон поради претерано грубиот старт, само втор црвен во неговата успешна фудбалска кариера.
Ни помалку, ни повеќе, од стартот на Французинот настрада неговиот екс соиграч од Челси, Калиду Кулибали, кој можеше да заработи и посериозна повреда по овој дуел.
https://twitter.com/i/status/1765110447974363256
Канте немаше заработено црвен картон додека настапуваше за Челси, Лестер и француската репрезентација, но затоа има еден црвен картон од периодот кога бил член на Каен.