Динамо Загреб утре игра на домашен терен против белгиски Генк во 5. коло од Лигата на Европа во натпревар кој е клучен за тоа кој ќе продолжи во разигрувањето на пролет.
Адеми во интервју за хрватски Индекс се осврна на изминатиот период во кој многу често го мачеа повредите. Тој настапи на последниот натпревар со Осијек во домашното првенство и одигра околу 20тина минути.
„Секогаш ми е тешко да го гледам Динамо кога не сум на теренот, но тимот изгледаше одлично без мене. Не искористивме некои шанси и затоа резултатите се такви какви што беа. Луѓето велат дека ми недостига тимот, но сите ние сме важни за тимот, на сите ни недостасува кога не играме“.
“Секој натпревар во Динамо е притисок, тоа не е ништо ново. Мораме да бидеме сконцентрирани, подготвени и убедени во победата. Со такви размислувања ќе влеземе во игра”, изјави Адеми.
Исто така додаде:
“Повредите ме покосија оваа година. Колку можам да издржам утре? Толку колку што ќе биде потребно.”
„Во играта може да се види колку сака тимот, тоа го кажа тренерот. Секако дека сме зад тренерот и сакаме најдобар резултат, можеби ни недостасуваше малку среќа, но ние сме целосно зад тренерот“. – заврши Адеми.