Барселона точно две години нема постигнато гол од – слободен удар! Шпанскиот весник „Марка“ денеска објави необична статистика поврзана со Барселона, а тоа е дека фудбалерите на овој тим точно две години немаaт постигнато гол од – слободен удар.
Тоа последен пат се случило на денешен ден 2021 година, а егзекутор бил Лионел Меси, што е и една од причините поради која челниците на клубот прават огромни напори да го вратат од таборот на ПСЖ. Барселона оттогаш имала 41 шут од слободен удар и ниту еднаш не постигнала погодок.
„Иако Барселона има многу одлични офанзивци, нема фудбалер кој е специјалист за слободни удари, како што беше Меси. По неговото заминување, дури 11 фудбалери безуспешно се обиделе од слободен удар во овие две години, никој не успеал во тоа“, пишува „Марка“.
Меси последниот прецизно изведен слободен удар го имал на 2 мај 2021 година во гостински триумф над Валенсија од 3-1. Потоа биле одиграни 104 натпревари во кои од слободен удар шутирале Рафиња (9 обиди), Депај (8), Левандовски (6), Феран Торес (4), Ансу Фати и Меси (3), Дембеле, Кутињо и Жорди Алба (2), Пике и Маркос Алонсо (1). Аргентинецот за Барселона има дадено 50 голови од слободен удар, а шутирал 591 пат.