Македонската фудбалска репрезентација историската година ја заокружува на 67.место на ФИФА ранг-листата.

Изминатава година настапивме на Европското првенство, а потоа есенва обезбедивме и бараж за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. На последното рангирање за оваа календарска година немаше промени во нашиот ранкинг во однос на ноемврискиот.

Оваа година највисокиот ранкинг го имавме на 62.место во април и мај. Ланската 2020 година ја завршивме на 65.место.

Белгија останува на врвот на табелата, пред Бразил и Франција. Потоа следуваат Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, а најдобрите 10 ги заокружуваат Данска и Холандија.