Фудбалерите на Интер со предност од два бода во однос на Јувентус ќе заминат на двонеделната пауза откако на домашен терен го совладаа Фросиноне со 2-0 за четврти триумф во низа.

„Нераѕурите“ му дозволија на противникот да има поголем посед на топката во свои нозе, но затоа Интер беше многу поопасен кога беше во напад. Испрати 21 удар кон противничкиот гол, а преку Димарко во 43. и Чалханоглу во 48. минута постигна два гола и дојде до очекуваната победа. Особено атрактивен беше голот на Димарко кој погоди од 56 метри далечина.

 

Следува двонеделна пауза, а потоа Интер има директен дуел со Јувентус во Торино кој ќе одлучува за првото место на табелата.