Ивановски во финалето од квалификациите водеше голема битка со јапонскиот тенисер Џејмс Кент Тротер, дуелот се играше во три сета и траеше 2 часа и 42 минути.
Јапонецот започна подобро, и го доби првиот сет со 7-5. Но големата борба продолжи во вториот сет во кој имаше тај-брејк, Ивановски беше поуспешен со 7-5.
На почетокот од третиот решавачки сет Калин освои брејк кој го одржа до крајот, го доби сетот со 6-4 за победа од 2-1 и пласман на главниот турнир во Кобе.
Челинџер турнирот во Јапонија се игра за награден фонд од 80.000 долари.