Големо изненадување на списокот на српската репрезентација за претстојниот АТП куп кој во јануари се игра во Сиднеј.
Заедно со Новак Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ и Никола Чачиќ, кои ги гледавме минатата недела во Дејвис купот, сега во Австралија ќе им се придружи и поранешниот хрватски репрезентативец Матеј Шабанов.
Шабанов е долгогодишен играч во дубл кој заедно со неговиот брат Иван неодамна добија српско државјанство по наговор на Новак Ѓоковиќ.
– Нашите родители беа со нас и кога немавме пари , верувавме дека можеме да ги оствариме нашите соништа. Им благодариме многу на тоа, ќе продолжиме да работиме како и досега, ќе даваме се од себе. Им благодарам на сите, на сите фанови иако знам дека некои не можеа да бидат тука. Ви благодарам од се срце – порачаа тогаш браќата Шабанов.
Браќата Шабанов моментално се на 96. позиција кога станува збор за двојки, но оваа година имаат голем напредок.