Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски го совлада домашниот играч Петар Над со 2-1 во сетови во првото квалификациско коло за влез на Челинџер 125 турнирот кој се игра во Братислава, Словачка.
Ивановски го загуби првиот сет по голема борба, се играше тајбрејко кој го доби Нед со 9-7.
Но, Македонецот потоа блесна во сиот свој сјај, следните два сета ги доби убедливо со 6-2 и 6-0, дојде до победа од 2-1.
Утре за влез на главниот турнир во Братислава ќе се бори со Унгарецот, Мате Валкуж кој беше победник на Маседониан Опен.