Тимот на Атлетико Мадрид денеска ја запиша четвртата победа по ред во Ла Лига, откако на „Ванда Метрополитано“ беше подобар од Реал Сосиедад со 2-1.

Двете екипи играа отворен фудбал од самиот почеток, а прв до водство стигна Атлетико преку Самуел Лино кој погоди во 22. минута.

Реал Сосиедад успеа да израмни преку Микел Ојарзабал во 73. минута, но Атлетико притисна во завршницата и избори пенал кој го реализираше Антоан Гризман.

Атлетико е на четвртото место во моментов со 19 бода, додека Реал Сосиедад е на шестата позиција со 15 бодови.