Ерлинг Халанд пристигна во Манчестер Сити и продолжи да постигнува голови, а Џуд Белингем би можел да тргне по неговите стапки. Англиските медиуми откриваат дека Халанд е во постојан контакт со својот поранешен соиграч и го убедува Белингем да му се придружи на „Итихад“.
Младиот талентиран играч Белингем речиси сигурно ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд следното лето, а веќе е познато дека во игра за неговиот потпис се Реал Мадрид и Ливерпул.
Јирген Клоп лично му се јави на Белингем за да му каже дека сака да биде предводник на средниот ред на Ливерпул, а истото се обидува да го направи и Флорентино Перез бидејќи Лука Модриќ наскоро ќе ја заврши кариерата.
Халанд верува дека може да одигра важна улога и ќе се обиде да влијае на одлуката на Белингем.
Борусија Дортмунд за него бара дури 150 милиони евра, а јасно е дека Ливерпул нема да даде толку пари.
Во тој случај, Реал Мадрид би бил главниот ривал на Сити, па Белингем треба да одлучи кој проект е подобар за него.