Фудбалерите на Борусија Дортмунд се радуваа во дерби дуелот од 13. коло на Бундеслигата, на гостувањето кај Волсбург со 1-3 (1-1). Иако домаќинот на „Волксфаген Арена“ поведе рано, „милионерите“ со пресврт се радуваа на крајот. Најдобра вест за Борусија е враќањето на Ерлинг Халанд и неговиот гол веднаш по кам-бекот.
Вут Вегхорст погоди уште во втората минута од дуелот за водство на Волфсбург (1-0). До паузата израмнувањето го донесе Емре Џан со погодок од белата точка. Дониел Мален беше творец на пресвртот во 55. минута од дуелот. На теренот конечно се врати Халанд, а по само осум минути во игра успеа да ги постави конечните 1-3 во Волфсбург.