Најмногу се зборува за трансфер на Деклан Рајс, кој воодушеви со неговите настапи во Вест хем, па затоа привлече интерес од многу тимови меѓу кои се Челси и Манчестер јунајтед, но „чеканите“ за неговиот потпис бараат 144 милиони евра.
Рајс одби да го продолжи договорот со Вест хем, кој му завршува во 2024 година, па така најави дека се подготвува за заминување од екипата, а фаворит за неговиот потпис е лондонски Челси, но нема лесно да се откажат ниту „ѓаволите“.
Рекордот во моментов го има Џек Грилиш, кој минатото лето замина од Астон вила и се пресели во Манчестер сити за 117 милиони евра, додека втор најскап трансфер е Ромелу Лукаку на „Стемфорд бриџ“ за 113 милиони евра.