Њукасл со 3-1 го совлада Евертон во рамки на 24.коло во Премиерлигата.
Во првото полувреме имаше два автогола, по еден на двете страни. Прво сопствената мрежа ја погоди капитенот на домашниот тим Џамал Ласелс за водство на гостите од 0-1 во 36.минута. Речиси неполна минута подоцна автогол си даде и Мејсон Холгејт за 1-1.
Њукасл во вториот дел дојде до победата благодарение на головите на Рајан Фрејзер во 56-тата и Киран Трипие во 80-тата минута. Со овие три бода, „црно-белите“ за момент излегоа од зоната за испаѓање со 19 бодови и сега е само еден бод зад вечерашниот ривал Евертон.
Вест Хем со минимални 1-0 го совлада Ватфорд. Џерод Боуен беше стрелец на победничкиот гол за „чеканите“ во 68-та минута.