Атмосферата на „Ст. Џејмс парк“ е многу подобра од она што беше во првиот дел од сезоната кога тимот беше во опасната зона, па сега дел од играчите имаат и поголема самодоверба и се однесуваат поопуштено на теренот.
Алан Сен Максиман е главна ѕвезда во тимот на Еди Хау и ја носи „10-ката“ на својот грб, а како таков, вчера малку го понесе моментот и режираше урнебесен момент на теренот.
Фудбалерот на Њукасл дриблаше во место и ги изнасмеа присутните навивачи на стадионот, но истовремено изнуди и комична реакција од противникот кој чудно го гледаше.
Потегот на Сен Максиман не направи никаква разлика на теренот, но брзо стана вирален на социјалните мрежи.