На најголемото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед (4:0) имаше трогателен момент во седмата минута кога целиот стадион се крена на нозе со овации, а химната на Ливерпул You Never Walk Alone испрати порака за поддршка до Кристијано Роналдо. Роналдо на својот Инстаграм им се заблагодари на публиката во Ливерпул. „Еден свет, еден спорт, едно глобално семејство. Ви благодариме, Енфилд. Моето семејство и јас никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит и сочувство“, напиша тој.

https://www.instagram.com/reel/CcnAKiZjQn8/?utm_source=ig_embed&ig_rid=fcca9cfc-76b6-483d-b3c7-9cb3fa4e6edd

Да потсетиме, португалскиот фудбалер објави дека неговиот новороден син починал во болница и дека неговото семејство тагува и моли за почитување на приватноста. Роналдо поради трагедијата не настапи на дербито, но навивачите на најголемиот ривал изразија сочувство и му порачаа на Роналдо дека се со него во овие тешки моменти.