Фенербахче убедливо со 3:0 води против Сиваспор на полувреме, а освен трите постигнат голови, имаше и еден драматичен момент. Гостинскиот играч Енер Валенсија буквално беше нокаутиран од голманот на Сиваспор, Али Сасал Вурал.
Голманот сакајќи да боксува една топка, го удри Валенсија директно во главата и го нокаутираше. Интернационалецот од Еквадор падна на земја и остана без свест.
Веднаш реагираа лекарските екипи, а за среќа, Валенсија брзо се „разбуди“, а потоа беше однесен во болница.
https://twitter.com/okumustinerci/status/1652346132230553601?s=20