Се работи за 16-годишен германски фудбалер, Ноа Дарвих, кој веќе е дел од првиот тим на Фрајбург. Според добро информираниот новинар Фабрицио Романо, договорот е веќе постигнат и само прашање е на денови кога тој ќе стапи на сила.
Дарвих се уште нема одиграно натпревари во сениорска конкуренција, но се очекува веднаш да биде приклучен на вториот тим на Барселона, каде би го собирал потребното искуство. За себе има 16 настапи за У-17 репрезентацијата на Германија, за која постигна пет голови.