Чави Ернандез во следниот период дефинитивно размислува за подмладување на неговиот тим и за таа намера, ќе направи одредени непопуларни потези.
Следуваат големи промени во Барселона, барем такво нешто најавуваат извори блиску до Барселона и Ернандез.
Според првичните информации, место во Барселона ќе нема веќе за Жерар Пике, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Сите овие тројца споменати не беа дел од првиот тим на мечот против Елче, а капитенската лента ја носеше Марк Андре Тер Штеген.
Според Мундо Депортиво, Чави веќе им соопштил на овие тројца фудбалери дека сезонава ќе добиваат мала минутажа и дека наскоро ќе мора да го напуштат клубот, затоа што ќе следи одредено реновирање на составот.