Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во вториот натпревар го претрпеа првиот пораз во новата сезона од Премиер лигата, откако релативно несреќно загуби на денешното гостување кај Брајтон (1-2).
Јунак во домашниот тим беше Жоао Педро, кој го искористи невниманието на гостинската одбрана и сам како дух од само пет метри ја смести топката со глава зад голманот Андре Онана. Тоа предизвика ерупција на стадионот и неочекувани три бода за Брајтон, но најчесто беше во подредена состојба на оваа средба. „Ѓаволите“ ќе жалат што не дојдоа барем до бод, со оглед што за малку им беа поништени два гола, на Маркус Рашфорд во првото и на Џошуа Зиркзе во второто полувреме.
Брајтон прв го отвори мечот со голот на Дени Велбек во 32. минута, додека Амад Диало набрзо по стартот на вториот дел го изедначи резултатот. Ова беше прв меч од втората премиерлигашка рунда во новата сезона.