Поранешниот напаѓач на Лидс, Павел Цибицки, е осуден за обложување и намерно местење .
Родениот Швеѓанец со полско потекло доби пресуда дека во 2019 година додека играл за Елфсборг намерно добил жолт картон за да земе пари од обложување.
Шведскиот Апелационен суд ја поништи првобитната ослободителна пресуда на Окружниот суд.
Цибицки е обвинет дека добил 300.000 шведски круни (32.890 долари) за да добие жолт картон на еден натпревар.
Подоцна се бранел дека двајца пријатели му ги позајмиле парите, кое објаснување најпрвин помина на судот во Сканија, но подоцна сепак е обвинет за поткуп и измама.
Тој ќе мора да биде надвор од фудбалот четири години, што значи дека неговата кариера најверојатно е завршена бидејќи сега има 28 години.
Цибицки нема право на жалба.
Тој израснал во Малме, а потоа бил член на Лидс, Молде, Елфсборг, Хаг и Погон.