Никола Јокиќ одигра уште една во низата феноменални партии и со 27 поени, 10 скока и 11 асистенции стигна до 63. трипл-дабл учинок во кариерата, истовремено надминувајќи го Џејмс Харден кој има 62.
Српскиот центар го предводеше домаќинот во дуел со директниот конкурент за плеј-офот, но неговата одлична вечер не беше доволна да ја спречи Минесота која славеше со 124:107.
Гостите многу рано стигнаа до двоцифрена предност, која потоа со мали осцилации ја задржаа до крајот на сутерот. И покрај многу добриот настап на Јокиќ, Нагетс беа посебно расположен особено Ентони Едвардс со 38 поени, а одлична вечер имаше и Карл Ентони Таунс со 32 поени.
Кога станува збор за учинокот на кошаркарите на Денвер, прв зад Јокиќ беше Монте Морис со 15 поени, додека еден помалку постигна Марк Хауард.
Со ова добро издание, Јокиќ дополнително ги подобри и онака импресивните бројки сезонава, а моментално бележи просек од 26,5 поени по натпревар, со 13,8 скока и 7,3 асистенции.
Со поразот од Минесота, Денвер остана на 14 победи, со исто толку загубени натпревари, додека Тимбервулфс по 28 натпревари имаат скор 13-15.