Еден од најдобрите кошаркари во НБА Лига, Леброн Џејмс игра импресивно и на 38-годишна возраст, му остана уште една интересна цел во својата кошаркарска кариера, пребогата со трофеи и индивидуални признанија.
Во победата на Лос Анџелес лејкерс против Хјустон рокитс со 140:132, Кралот Џејмс постигна 48 поени и го запиша и претпоследниот клуб во својот НБА нотес на кој му дал 40, или повеќе поени.
За комплетирање на приказната, на Џејмс му е потребно 40+ против големиот градски ривал Лос Анџелес клиперс, единствената екипа на која не успеал да и уфрли 40 поени или повеќе. Наредниот меч со нив му е за една седмица.
Интересна е и приказната на Џабари Смит јуниор, кој првпат играше против Џејмс и нивната конверзација непосредно пред стартот на мечот беше хит.
Младиот играч на Хјустон рокитс му се престави на Леброн и го потсети дека првиот меч во кариерата во НБА го играл против неговиот татко.
„Првиот меч во НБА го играше против мојот татко, Не се чувствуваш малку стар“ му рече Смит јуниор на Леброн, а одговорот е:
„Зошто ме потсети“.
Во ноќта посветена на Доктор Мартин Лутер Кинг во НБА се одиграа вкупно 9 натпревари.
Резултати: Шарлот – Бостон 118:130, Милвоки – Индијана 132:119, Кливленд – Њу Орлеанс 113:103, Њујорк – Торонто 121:123 по продолженија, Вашингтон – Годлен стејт 118:127, Атланта – Мајами 121:113, Минесота – Јута 125:126, Мемфис – Феникс 136:106, Лос Анџелес лејкерс – Хјустон 140:132.