Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа уште еден убедлив пораз од Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Кошаркарите на Литванија пред три дена не совладаа и во Скопје со 82:67, а во Клаипеда триумфираа со 94:72. Крајниот резултат е превисок бидејќи Македонија беше во егал скоро три четвртини но огромен пад во играта и во реализацијата имавме во последниот квартал, кога се повреди извонредниот плејмекер Димитријевиќ.

Тој се повреди во четвртата четвртина, на шест минути до крајот по еден негов влез кој заврши со кош. Во тие моменти резултатот беше 75:67, Димитријевиќ го напушти паркетот со помош на медицинскиот тим, нашиот состав беше во распад и на крајот доживеавме дебакл, Литванците немаа милост и не поразија со 22 поени разлика.

Нено Димитријевиќ одигра неверојатна партија за паметење, играше сам против сите и за неполни 30 минути на паркетот постигна 43 поени, при тоа додаде шест асистенции и имаше четири скока.  На листата стрелци следат Крстевски, Маслинко и Стајиќ со само по шест реализирани поени што зборува за тоа колкава помош имаше Нено од своите соиграчи.

Во следниот период Македонија треба да одигра против Естонија и Полска.