Голден Стејт Вориорс се пласираа во финалето на НБА. Во финалето на Западот со 4-1 во серија беа подобри од Далас .
Голден Стејт Вориорс се финалисти во НБА лигата и го чекаат противникот во финалето. По голема борба стигнаа до финалето, славејќи во петтиот натпревар против Далас со 120:110 на свој паркет и со тоа спречија потенцијална нервоза.
Веќе кога Вориорс поведоа со 3-0 во серијата, беше јасно кој ќе се пласира во финалето. Досега никој не се вратил од минус 3-0, но колку и да се зборуваше и пишуваше за тоа во изминатите сезони, сите се свесни дека еден ден некој ќе успее да се врати. Далас нема да биде тоа оваа година, Вориорс беа премногу силни, а Далас немаше вистински континуитет на добри игри во оваа серија.
Лука Дончиќ ја немаше потребната поддршка од соиграчите и на само еден меч Далас имаше повеќе расположени играчи, тоа беше четвртиот натпревар во серијата кој го доби.
По таа победа во Далас и намалувањето на 3-1, Дончиќ истакна дека не губи надеж, но во петтиот натпревар се беше познато многу рано.
Расположените Вориорс со разиграиот Клеј Томпсон направија разлика, одиграа подобра кошарка и веќе во првото полувреме ја направија разликата од 20 поени.
Во вториот дел Далас во еден момент успеа да падне на едноцифрена негатива, но набрзо следеше нов одговор на Вориорс и решение на прашањето за патникот во финалето на лигата. За Вориорс ова е шесто финале во последните осум години.
Томпсон мечот го заврши со 32 поени и осум тројки, а Ендрју Вигинс додаде 18 поени и десет скока. Кај Далас Дончиќ постигна 28 поени со девет скока, а Спенсер Динвиди додаде 26 поени.