Кошаркарите на Бостон селтикс релативно лесно и убедливо го совладаа Денвер нагетс (131-112), за кого ова беше четврти пораз во новата сезона во НБА во која имаат и осум победи.
На „нагетс“ не им помогна ниту стандардно одличната игра на Никола Јокиќ, кој средбата ја заврши со 29 поени и осум скока, без разлика што рано влезе во проблем со личните грешки. Тој имаше и три асистенции, меѓу кои една веднаш беше оценета како магична и се споделуваше по социјалните мрежи. Џејсон Тејтум беше најзаслужен за триумфот на „келтите“ со 34 поени и осум скока, што е седми меч за него сезонава во кој реализира најмалку 30 поени, а трети по ред.
Младиот српски репрезентативец, Алексеј Покушевски, беше меѓу најзаслужните за триумфот на Оклахома сити тандерс против Торонто репторс (132-113), со што беше ставен крај на црната серија од четири порази по ред. Талентираниот центар мечот го заврши со 14 поени, пет скока и четири блокади.