Македонските кошаркари до 16 години ќе се борат за пласман од 9. до 16. позиција на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.
Натпреварот почна со едноминутно молчење во чест на починатата кошаркарска легенда, Лазар Лечиќ.
Македонија очекувано ја совлада Австрија, но уште пред овој дуел се знаеше дека немаме шанси за место меѓу осумте најдобри.
Најдобар стрелец на Македонија беше Ѓорѓи Цветковски со 25 поени, Ѓорѓевиќ реализираше 19, Данев 18. Кај Австријците, Вицман постигна 26 поени.
Шведска со 78-77 ја совлада Естонија, овие две селекции и Македонија имаа по 7 бода, но во тој круг од три репрезентации ние имаме најлоша кош-разлика.
Естонија и Шведска како првопласирани одат во четвртфиналето, Македонија и Австрија ќе разигруваат за од 9. до 16. позиција, а Украина како последна е во аут.