Бостон Селтикс поведоа во финалната серија против Голден Стејт Вориорс. Во брилијантно одработената последна четвртина до победата дојдоа со голем пресврт .

Веќе во првиот натпревар од финалната серија, Бостон Селтикс им покажа на Голден Стејт Вориорс колку ќе бидат тежок и непријатен противник. Тие веднаш дојдоа до брејк со импресивна последна четвртина.

Голден Стејт особено добро го отвори второто полувреме, создавајќи висока разлика , но откако ситуацијата се промени, последната четвртина целосно му припадна на Бостон, кој иташе кон победата.

Гостите едноставно се отворија во последниот дел, погодуваа од сите позиции, играа како во транс и последната четвртина ја добија со дури 40:16.

Еден од хероите на Бостон беше Ал Хорфорд кој конечно играше во финалето на НБА, откако одигра 141 плеј-оф натпревар, што е најмногу плејоф натпревари во историјата пред да влезе во финалето. Хорфорд постигна шест тројки, одигра одлично и беше еден од клучните играчи.

„Моите соиграчи цело време ме бараа и ме наоѓаа, но и Дерик Вајт погоди многу тешки шутеви. Бев во добри позиции, погодував и тоа е тоа“, изјави Хорфорд по мечот.

Стивен Кари, пак, одлично го започна натпреварот, постигнувајќи шест тројки во првата четвртина, генерално и двете екипи одлично шутираа однадвор во првото полувреме постигнувајќи дури 20 тројки заедно.

Хорфорд го заврши натпреварот со 26 поени (6/8 тројки) и шест скока, Џејлен Браун додаде 24 поени и седум скока, а Дерик Вајт 21 поен со 5/8 тројки. Селтикси ја преживеаја лошата реализација од Џејсон Тејтум кој беше на 3/17 од натпреварот но со 13 асистенции.

Кај Вориорс Кари постигна 34 поени (7/14 тројки), а Ендрју Вигинс 20 со пет скока.