Во фудбалскиот свет има низа полемики зошто не беше досуден пенал за Германија на натпреварот против Шпанија. Во екстра-времето по еден шут, топката удри во раката на Кукуреља, но англискиотсудијата Ентони Тејлор не досуди удар од белата точка.
Ситуацијата беше дискутабилна. За вакви прекршоци претходно се суделе пенали, ама не и сега, па зошто немаше најстрога казна за „панцирите“ пред домашната публика во Штутгарт.
Образложението зошто немаше пенал за Шпанија и причината зошто англискиот судија не покажа на белата точка е затоа што претходно, во текот на акцијата, Фулкруг при примањето на топката пред додавањето до Мусиала бил во офсајд.
Ако играчот на Германија не беше во офсајд, тогаш ВАР-собата сигурно ќе покажеше на белата точка. Целата акција била детално прегледана во собата со видео-технологијата.