По феноменалната серија од десет победи во низа, Интер конечно одигра само реми 1-1 со актуелниот италијански шампион Наполи и ги изгуби првите бодови во 2024 година.
Интер имаше тотална доминација и упати 18 удари кон противничкиот гол, но тимот од Милано не успеа да ја продолжи победничката серија, но сепак останува убедливата предност во однос на градскиот ривал Милан кој е на втората позиција. Интер поведе со голот на Дармијан во 43. минута, ја има контролата над резултатот, но Жуан Жезус на десетина минути пред крајот го совлада Зомер и му донесе бод на својот тим.
Последниот „неуспех“ во првенството, Интер го забележа на 29 декември кога на гостувањето кај Џенова одигра, исто така 1-1, додека на домашен терен не загубил бодови од 7 октомври кога ремизираше со Болоња (2-2).