Шпанскиот гигант Барселона од екипа од Саудиска Арабија доби понуда тешка 80 милиони евра за играчот Рафиња кој од јануари е ставен на трансфер листата, објави каталонскиот весник „Спорт“.
Се уште не е познато кој тим ја испратил богатата понуда, но се шпекулира дека е еден од тимовите кои се под капата на саудискиот инвестициски фонд, Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли.
Бразилецот во Барселона пристигна во летото во 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на навивачите и на тренерот Чави Ернандес.
Неговиот договор истекува во 2027 година, и според весникот, повеќе од сигурно е дека управата на Барселона налето ќе ја прифати понудата на саудиската екипа и ќе го продаде Рафиња.