Фудбалскиот клуб Лајпциг ја прекина соработката со тренерот Доменико Тедеско, по убедливиот пораз од Шахтјор во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Тедеско стана тренер на Лајпциг на 9 декември минатата година и го предводеше германскиот клуб до четвртото место во Бундес лигата и директен пласман во Лигата на шампионите.
Со германскиот клуб, 36-годишниот стручњак минатата сезона го освои Купот на Германија и играше во полуфиналето на Лига Европа, каде беа поразени од Глазгов Ренџерс.
Отпуштени се и помошните тренери Андреас Хинкел и Макс Урванцки. Лајпциг во наредниот период ќе го објави името на новиот тренер.
Во вторникот вечерта Лајпциг на домашен терен беше поразен од Шахтјор Доњецк со 4:1 во првото коло од групата Ф на Лигата на шампионите.