Дербито на првиот ден од Лигата на шампионите оваа сезона се одигра во Париз, каде домашниот Пари Сен Жермен го совлада Јувентус со 2:1 во групата Х.
Двата гола ги постигна Килијан Мбапе. Најпрвин на убава асистенција на Нејмар погоди за 1:0 во петтата минута, а на 2:0 зголеми во 22. по двојното додавање со Хакими. Вестон Мекени со глава ја намали негативата во 53. минута по центаршутот на Костиќ.
Заедно со Мбапе, една од ѕвездите на денот повторно беше брилијантниот Норвежанец Ерлинг Халанд. Тој постигна два гола во победата на Манчестер Сити против Севиља од 4:0. Првиот го постигна во 20. минута на асистенција на Де Брујн, а вториот во 67. минута откако наиде на одбиена топка од ударот на Фоден. Погодија и Фоден и Диас.
Неверојатниот Халанд на тој начин стигна до бројката од 12 гола оваа сезона, а во просек за Манчестер Сити постигнува на секои 54 минути. Тој исто така постигна 25 гола во Лигата на шампионите на само 20 настапи во тоа натпреварување.